[Обновено] Поранешен колега ги убил новинарката и снимателот во САД

Новинарка и снимател на една локална телевизија во американската држава Вирџинија биле убиени за време на интервју за утринската програма, јавуваат американските медиуми, а убиецот е поранешен вработен во истата телевизиска куќа.

Полицијата во драматична потера го стигнала осомничениот – Bryce Williams, кој го свртел пиштолот и си пукал во главата. Според последните информации, напаѓачот е мртов. Тој околу 6.45 часот изутрината испукал неколку куршуми додека новинарката Alison Parker (24) снимала интервју кое се пренесувало во живо на телевизијата WDBJ7 во градот Роаноук, убивајќи ја неа и снимателот Adam Ward (25).

[Обновено] Поранешен колега ги убил новинарката и снимателот во САД

Убиецот, идентификуван како поранашен колега на убиените новинари, објавил снимка од нападот на својот профил на Твитер

Набрзо по нападот, убиецот објавил сопствена снимка на својот акаунт на Твитер. Профилот сега е исклучен, а на видеото се гледало како Williams приоѓа кон новинарите, кои снимале интервју и пука во нив. Според информациите, убиецот свесно ја поштедил соговорничката, која исто така е повредена, но по операцијата, е надвор од животна опасност.

[Обновено] Поранешен колега ги убил новинарката и снимателот во САД

Морничави снимки од пукањето, на кои се слушаат истрели, а новинарката и нејзината гостинка се обидуваат да се засолнат, се појавија на интернет, додека социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство за овој насилнички чин, досега непознат за Соединетите Американски Држави. Во 2015 низ светот биле убиени 39 новинари, но смртните случаи главно се случуваат во земји зафатени со војни и немири.