[Видео] Нови две епизоди од балканската младинска веб-серија „SamoKažem“

Две нови епизоди од првата балканска тинејџерска веб-серија „SamoKažem“ се објавени на каналот на Youtube, што е единствениот простор каде се промовира и емитува серијата. Во неа учествуваат млади актери од сите поранешни југословенски републики, а од Македонија, дел од поставата е актерката Ана Стојановска.

[Видео] Нови две епизоди од балканската младинска веб-серија „SamoKažem“

„Приказната е фокусирана на едно необично лето во животот на неколку девојки и момчиња. Тие доаѓаат од различни земји што се граничат една со друга. Но жителите на тие држави неволно ги поминуваат границите. Зборуваат различни јазици, но одлично се разбираат. Делат исти соништа и стравови, но досега немале шанса за тоа да зборуваат. Се запознаваат сосема случајно и стануваат пријатели“, стои во описот на серијата.

Погледнете ги првите три епизоди од серијата тука.