[Видео] Нова песна на Даз Флоу и Евгенија Чанчалова

Дарко Иваноски, попознат како Даз Флоу и  Евгенија Чанчалова ја објавија својата нова песна „Разделба“. Станува збор за еден вид на хип хоп/рнб балада, во кој вокалите се на Даз и Чанчалова која пак се јавува и како музички аранжер заедно со Дарко Илиевски.

Daz Flow 2

Текстот на оваа песна го напиша Даз,  музиката и продукцијата се на Дарко Илиевски, а за видеото се погрижи Гордан Божиновски.