[Видео] Нов трејлер за петтата сезона на Game of Thrones

Змејови, борби, секс, епски битки, многу снег и венчавка се дел од најновиот трејлер за петтата сезона на Game of Thrones, пишува Independent. Новиот трејлер е објавен еден месец пред премиерата на филмот кој ветува нови ликови.

Најновото продолжение се базира воглавно на четвртата и петтата книга на George R. R. Martin од серијалот “A Song of Ice and Fire”, а ќе биде достапно за гледачите веќе од 13 април.