[Видео] Нов спот на „Суперхикс“ – „Ана“ ги оживува восочните фигури на бендот

Поминувајќи пред излогот каде што се поставени восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот. Таа им го врти вниманието на членовите од бендот „Суперхикс“, ги оживува и ќе ги натера да запеат за неа.

Ова е дел од приказната во новиот видео спот за песната „Ана“ на составот „Суперхикс“.

Ана ја глуми Сара Анастасовска, a целосната замисла на концептот за видеото е на „Суперхикс“. Продукцијата на „Фокус Покус Филмс“, а режисер и монтажер е Благоја Неделковски.

„Суперхикс продолжуваат со работа и во овој век, со турбо работа, нови песни и спотови за своите фанови, но и за новите генерации кои што доаѓаат. На крајот порачуваат дека секој треба да си има една ‘Ана’ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење“, се вели во најавата за спотот.