[Видео] Нов спот на скопскиот бенд Steel Temple

Скопскиот метал бенд Steel Temple го објави новиот спот за песната „Reality“. Ова е уште еден сингл од најавениот нов албум на бендот, кој ќе излезе во следните месеци.

Спотот е снимен на балканската турнеја која бендот ја одржа пролетоска во Грција, Бугарија, Македонија и Србија, а во него се вклучени и снимки од настапите на групата како загревање за големите Judas Priest и Halloween.