[Видео] Нов спот на белградскиот артист МКДСЛ

Белградскиот електронски артист Марко Милошевиќ, попознат под псевдонимот МКДСЛ (Мама каже да сам леп), по долгогодишна диџејска кариера, неодамна одлучи целосно да се ориентира кон настапите во живо. МКДСЛ пред две години имаше одличен диџејски сет на охридката плажа „Оревче“, а годинава настапува во белградските клубови и на фестивалите.

Пред неколку месеци, тој беше на Тајланд, каде го сними спотот за неговата нумера „Дојди на море“, кој сега е целосно подготвен: