[Видео] Нов сингл и спот на String Forces

Бендот String Forces го објави видеото за новиот сингл, именуван „Сети се“.

„Сети се“ е најава за новото EP (Extended Play)  на групата, коешто ќе биде промовирано за десетина дена.

Ова е 6-тo студиско остварување на групата, и следува по последниот албум „Соголи ме“ издаден во 2017. Ќе биде достапно само во електронска форма. По ова ЕП се планираат уште неколку вакви кратки изданија во текот на 2019.

На ова остварување, исто како и на претходниот албум, работеа: Дориан Јовановиќ, Александар Стојанов-Зорин, Александра Кузман, Александра Мангаровска Милиќевиќ, Благојче Пенов и Дамјан Темков и е реализирано во периодот јануари – јули 2018 година во студиото Профундус.

Видеото е реализирано од Тања Рибарска, во соработка со Јовановиќ.