[Видео] Нов сингл и краток филм на David Bowie

Десетминутен видеоспот во кој се појавуваат две комплетно различни песни обично не е начинот на кој се промовира првиот сингл од еден албум, но ако сте David Bowie, имате слобода да правите што сакате.

Се работи за своевиден краток експериментален филм, во кој е претставен дел од претстојниот албум на Bowie, ★ (се чита како „Blackstar“), кој ќе биде издаден во јануари. Режисер на спотот е Швеѓанецот Johan Renck.