[Видео] Носители на промени – Граѓанинот политичар

Kога Јана Белчева Андреевска ја премина линијата од граѓанскиот активизам во политиката, знаеше дека влегува во експеримент. Како претседавач на Советот на општина Центар се бори против профитирањето од најпрофитабилните градежни локации во земјата, ставајќи ги на прво место здравјето и безбедноста на граѓаните, се вели во најавата во новото видео на „Балкон3“ од серијалот „Да ти нацртам“, овој пат именувано „Носители на промени: – Граѓанинот политичар“.

Уставниот суд го укина мораториумот, но Советот го продолжи. И покрај него имаше скандали со узурпација на земјишта. Најави за големи градежни проекти и одземање на јавниот простор.

Од успехот на оваа иницијатива не зависи само што и колку ќе се гради во Центар. Таа ќе биде тест колкава е моќта на граѓанскиот активизам да влијае на политиката.