[Видео] Noel Gallagher го објави видеото за новата песна „Riverman“

Noel Gallagher го објави видеото за новата песна „Riverman“. Синглот ќе биде издаден на 11 мај, но првично може да се погледне во видеото подолу. Видеото е направено иако Gallagher е познат по тоа што не сака снимање на музички спотови.

„Го мразам фактот што тие чинат цело богатство. Го мразам фактот што мораш да се разбудиш во осум часот наутро и го мразам фактот што не можеш да си заминеш оттаму до осум часот наутро“, рече пејачот во документарниот филм посветен на групата „Oasis“.

Вториот албум на Gallagher со неговиот бенд „High Flying Birds“ насловен „Chasing Yesterday“ беше објавен во февруари. Тој неодамна тврдеше дека потрошил огромна сума на пари на својата соло кариера откако ја напуштил групата „Oasis“.