Видео: (Не)Возможна младинска мисија

Дали местоположбата на живеење влијае врз извршувањето на секојдневните обврски кај младите луѓе?
Кои се разликите во начинот на живеење на младите луѓе од руралните и од урбаните средини? Колку време трошат младите од руралните средини за да ги завршат наједноставните работи?

Виртуелно и налик игра, во видеото (подолу) на младите активисти од клубовите Артивизам на Младински образовен форум, претставени се два играчи кои тековно извршуваат „мисии“ преку кои се потенцираат разликите во начинот на живеење на младите луѓе кои живеат во рурална средина наспроти животот на младите во главниот град (Скопје).

Видеото е направено во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество- Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество- Македонија.