[Видео] „Немилосрдно се истребува рибниот фонд во Охридско езеро“ – реагираат нуркачите од „Амфора“

„За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови“, реагираат од охридскиот нуркачки клуб „Амфора“.

За веме на нивните секојдневни подводни активности, нуркачите од клубот сведочат за постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро.

„Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки“, велат во нивната реакција.

Тие досега реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и еколошки акции со нивни колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро.

„Се превземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати?“, прашуваат од „Амфора“.