[Видео] Нема разлика меѓу пушачи и непушачи, покажало тестирање на плунка во Скопје

Професорката на Медицинскиот факултет во Скопје, Бети Дејанова за емисијата 360 Степени вели дека рутински екперимент на плунка за испитување интоксинација на лица, за прв пат по 30 години не може да прикаже разлика меѓу пушачите и непушачите во Скопје.

Тестирањата покажале дека 90 отсто од тестираните студенти се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. Роданидот го лачи човечкиот организам за да ги претвори токсичните супстанци во нетоксични, кои на крај ги обработува црниот дроб.

„Ние децении наназад го работиме овој експеримент и сакаме да им докажеме на студентите дека постои разлика во излачени роданиди кај пушачи и непушачи и правиме разлика кај студентите. Меѓутоа, оваа година забележавме некоја невообичаена појава каде што не можевме да одредиме кој е пушач, а кој е непушач од примероците на плунка што ги имавме.“, вели во прилогот Дејанова.

Целосниот прилог погледнете го во видеото во продолжение: