[Видео] „Нема да ви помине“ – Собранието повторно во боите на Шарената револуција

Протестот на движењето #Протестирам вечерва заврши пред Собранието, каде граѓаните негодуваа поради новите политички маневри на власта, по откажувањето на изборите на 5 јуни.  Демонстрантите истакнаа дека остануваат на барањето за повлекување на аболицијата на политичарите и одложување на изборите до исполнување услови тие да бидат фер и демократски. Граѓаните вечерва упатија нова тура боја кон зградата на Собранието, со помош на рачниот катапулт кој го користат веќе неколкупати.

Еве ги обраќањата на граѓанскиот активист Павле Богоевски и адвокатот Мирослав Вуиќ пред Собранието, како и боењето на зградата на законодавниот дом: