[Видео] (НЕ)Легитимна Власт

Кога власта почнува да ја губи легитимноста? Тогаш кога самата веќе не игра според правилата на системот. Кога почнува да мами и да не води сметка за интересите на поголем број граѓани. Кога кон една група луѓе се однесува на еден начин, а кон друга на поинаков.

Тоа однесување на крајот создава длабока криза во општеството предизвикана од разнишаните правни, економски и морални темели. Овие прашања се обработени во шестата епизода на серијалот анимирани видеа „Да ти нацртам“ на Balkon 3.