[Видео] Neil deGrasse Tyson зборува за придонесот на Abraham Lincoln кон науката

Американскиот претседател Abraham Lincoln главно е познат по укинувањето на ропството и обединувањето на нацијата, разделена со крвавата граѓанска војна (1861-1865). Но, периодот во кој Lincoln бил на позицијата е важен и по тоа што тогаш е основана Американската академија на науките, која го предводела научниот и технолошкиот развој на САД во 19-от век. Токму затоа, астрофизичарот и светска научна ѕвезда, Neil deGrasse Tyson, му оддава почит на Abraham Lincoln за неговиот придонес кон науката. Во оваа анимација, која всушност е одговор на познатото „обраќање од Гетисбург“ на Lincoln,  Tyson на инспиративен начин зборува за значењето на некогашниот претседател за американската научна заедница.