На протестот вечерва во Скопје, илјадници демонстранти, поддржувачи на движењето #Протестирам испратија одлучна порака „Не се плашиме“ и го донесоа протестното шаренило пред домот на поранешниот премиер Никола Груевски, боејќи го неговиот портрет. Со извици „Грујо мафија“ и „Нема правда, нема мир“, демонстрантите уште еднаш, точно еден месец откога почнаа протестите, побараа повлекување на аболицијата за политичарите што ја спроведе претдеателот Ѓорге Иванов.
Претходно, демонстрантите со боја ја прекрија и фасадата на Државниот пазарен инспекторат. Погледнете ги видеата на Радио МОФ од вечерашниот протест: