[Видео] „Не се изолирај, волонтирај“

Националниот младински совет на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на младите со Кампања за промоција на младинско здружување.

[Видео] „Не се изолирај, волонтирај“

Кампањата започна со две промотивни видеа кои може да ги погледнете во продолжение, насловени „Не се изолирај, волонтирај“ и „Не се изолирај, основај своја организација“.

Оваа кампања треба да ги поттикне младите кои не членуваат во ниту една организација да се почувствуваат добредојдени и охрабрени да се придружат во активностите на некоја организација, да поддржат активности на организации или пак да отпочнат своја граѓанска иницијатива.