[Видео] Настап на Дубиоза Колектив пред УКИМ за поддршка на окупацијата

Пред многубројна публика, на платото пред Филозофскиот факултет, денеска настапи познатиот босански бенд „Дубиоза Колектив“ во знак на поддршка на студентските автономни зони. За настапот, бендот денеска најави на нивната официјална Фејсбук страница.

Радио МОФ преку својот YouTube канал вршеше директен видео пренос од концертот на групата. Но, покрај „Дубиоза Колектив“, свои настапи имаа Kanton6 и Bernays Propaganda за кои Радио МОФ не беше во можност да врши пренос поради технички проблеми.

Во продолжение погледнете го видеото со дел од денешната атмосфера пред УКИМ.