[Видео] Наместо нов изборен модел, пратеници независни од партиските лидери

Со сегашниот изборен модел пратениците не можат сами да си го обезбедат својот мандат, туку пред сѐ зависат од лидерите на партиите и тоа предизвикува централизираност како на Собранието, така и во политичките партии. Дали нов изборен модел ќе обезбеди понезависни пратеници и Собрание или е неопходна внатрепартиска демократија?

Во ResPublica видео поткаст дискутираат политикологот Миша Поповиќ и Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт.