[Видео] Најстариот диџеј во Британија замина во пензија на 72 години

DJ Derek – официјално најстариот диск џокеј во Велика Британија замина во пензија по поминати децении зад микс-пултот. Реге легендата последен пат настапи во новогодишната вечер во Notting Hill Arts клубот во Лондон.

Најстариот диџеј во Британија замина во пензија на 72 години

DJ Derek Morris во својата кариера има настапено со Dizzee Rascal и со групи како Massive Attack, а настапил и на најголемите британски фестивали, Glastonbury и The Big Chill. Заљубен во реге музиката уште во младоста, тој почнал да собира плочи и да пушта музика за пиво во во локални пабови. На крајот, се откажал од работата како сметководител, која ја работел 18 години, за да биде професионален диџеј. Според едно негово неодамнешно интервју, тој планира да ги помине пензионерските денови во патување, посета на пабовите во негова близина и на слушање на омилената музика.

Еве дел од последниот настап на DJ Derek:

Погледнете го и мини-документарниот филм за најстариот британски диџеј: