[Видео] Најнаселениот остров во светот

Мигинго, малиот остров на сред езерото Викторија во Кенија, се протега на помалку од 4 000 квадратни метри, а е дом на повеќе од 1 000 луѓе. Токму тоа го прави најгусто населениот остров на светот.

Иако Мигинго технички се наоѓа на територијата на Кенија, оваа земја поради островот беше во конфликт со Уганда, која тврдеше дека рибарите ловат риби во нејзините води, на само 500 метри од островот.

Конфликтот помеѓу двете земји го достигна врвот во 2008 година, кога Уганда испрати војска на Мигинго со цел да ги евакуира кениските рибари и да ја преземе контролата над островот.

Тензиите биле високи и години потоа, но во 2016 година, конечно е склопен договор. Двете земји бараат рибарите кои ловат во тие води да плаќаат данок и заедно се борат против пиратите.

Според последниот официјален попис во 2009 година, популацијата на островот била 131, но според информациите на документарецот на RT, чии новинари го посетија островот во 2015 година, живееле околу 1 000 луѓе.