[Видео] #НаЧас по физика и хемија со видео игри и театар

12 август, Меѓународниот ден на млади годинава се одбележува на темата „трансформирање на образованието“. Инспирирани од оваа тема, во емисијата „На час“, гостуваа професорката Марина Стојановска, од Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Никола Делевски, професор по физика во средното училиште „Никола Карев“ во Струмица.

Во студиото на Радио мОФ тие говореа за задоволството, но и тешкотиите да се обмисли и спроведува креативна настава во македонски услови, речиси без никаква поддршка од надлежните институции. Истовремено споделија мислења за тоа како треба да се трансформира македонското образование.

Стојановска стои зад настанот Хемиски спектакл, Делевски пак физика ги учи средношколците преку видео игри. За нивните искуства, предизвици и лични заложби, погледнете ја емисијата во продолжение: