[Видео] #НаЧас по физика и хемија со видео игри и театар

12 август, Меѓународниот ден на млади годинава се одбележува на темата „трансформирање на образованието“. Инспирирани од оваа тема, во емисијата „На час“, гостуваа професорката Марина Стојановска, од Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Никола Делевски, професор по физика во средното училиште „Никола Карев“ во Струмица.

Во студиото на Радио мОФ тие говореа за задоволството, но и тешкотиите да се обмисли и спроведува креативна настава во македонски услови, речиси без никаква поддршка од надлежните институции. Истовремено споделија мислења за тоа како треба да се трансформира македонското образование.

Стојановска стои зад настанот Хемиски спектакл, Делевски пак физика ги учи средношколците преку видео игри. За нивните искуства, предизвици и лични заложби, погледнете ја емисијата во продолжение:

На час: Трансформирање на образованието

12 август е Меѓународниот ден на млади, кој годинава се одбележува на темата „трансформирање на образованието“. На истата тема, во студиото на Радио МОФ, во емисијата „На час“, зборуваме со двајца креативци – професорката Марина Стојановска, од Институтот по хемија, при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Никола Делевски, професор по физика во средното училиште „Никола Карев“ во Струмица.***Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Posted by Радио МОФ on Monday, 12 August 2019