[Видео на РСЕ] Првомајски протест во Скопје

[Видео на РСЕ] Првомајски протест во СкопјеОколу 200 демонстранти денеска излегоа во центарот на Скопје за да побараат социјална правда, како и да престане кршењето и кратењето на работничките права во земјава. Предводени од левичарското движење„Солидарност“ и движењето за социјална правда „Ленка“, демонстрантите се упатија пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, чии челници денеска наместо да повикаат на масовни работнички протести, одлучија да одржат прес конференција на која ќе се пофалат што досега сториле за македонските работници.

Радио Слободна Европа пренесува што се случуваше денеска на протестот.