[Видео] На час: Матура во време на Ковид 19

Во вонредни услови и онлајн, како што се одвива целокупната настава во земјава, ја направивме и денешната емисија „На час“, посветена на образованието и проблемите со кои се соочуваат учениците.

Во оваа дискусија фокусот е ставен на државната матура, а гости се матурантот Благоја Насковски, психологот Марија Младеновска Димитровска од битолското средно училиште „Таки Даскало“ и Теодора Столевска од Младинскиот образовен форум.

Во емисијата, Насковски се осврна на сопственото искуство со припремите на матурскиот испит и истакна дека целата генерација е во очекување на одговорот од институциите за тоа што ќе се случува со овој испит. Психологот Младеновска Димитровска пак говореше за тоа како во битолското училиште се полагаше првиот дел од матурата, проектната задача, но се осврна и на психолошкиот притисок кој го чувствуваат матурантите. Столевска пак ги посочи можните решенија околу полагањето на матурскиот испит, и повика надлежните што побрзо да излезат во јавност со конкретни решенија.

*Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.