[Видео] „Момчето со камера наместо лице“ – критика на модерниот живот

Наградуваниот краток филм на режисерот Spencer Brown „Момчето со камера наместо лице“ премиерно беше објавен на интернет пред два дена на Vimeo каналот. Филмот е сатирична приказна за момче родено со камера наместо глава, со која ги снима сите моменти од животот. Придржен со наративниот глас на Steven Berkoff, филмот во 15 минути го прикажува модерниот начин на живот.