[Видео] Моќна кола што работи на солена вода е одобрена во Европа

Спортските автомобили обично немаат репутација на чисти еколошки возила, но оваа специјална машина е направена да достигне неверојатни 350 километри на час, користејќи само солена вода како погонско гориво.

[Видео] Моќна кола што работи на солена вода е одобрена во Европа

Спортската лимузина Quant-e всушност е електричен автомобил, кој со помош на најнапредна технологија за батерии добива струја од солената вода. Иако е тешка преку 2.300 килограми и долга над 5 метри, лимузината, која има 920 коњски сили, постигнува брзина еднаква на болид од Формула 1, а од 0 до 100 километри забрзува за фрапантни 2.8 секунди.
Откако беше претставена на Саемот за автомобили во Женева во март годинава, суперлимузината сега е и одобрена за возење по патиштата во Европската унија. Автомобилот има два резервоара од по 200 литри солена вода, со кои може да се поминат околу 600 километри.

Извор