[Видео] „Младински изборни муабети“ во Велес

Велес беше домаќин на првата јавна дискусија која е дел од новата кампања „Младински изборни муабети“ во организација на Национален младински совет на Македонија.

На настанот учествуваа четири претставници на политички партии како говорници кои ги претставија своите мерки за младите, но и отворија дискусија за потребите на младите во општина Велес и во регионот на третата изборна единица во целост.

Кампањата ќе опфати 10 регионални младински форуми и има за цел да поттикне дијалог помеѓу претставниците на политичките партии од една страна, но и младите и нивните потреби од друга страна.

Регионалните младински форуми ќе се одржат и во Штип, Кавадарци, Струмица, Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Скопје и Куманово.

Проектната активност “Младите во фокусот на изборите 2016” на Националниот младински совет на Македонија се реализира во рамките на програмата на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија за Зајакнување на граѓанското учество во политичките процеси, финансиски поддржана од Националната фондација за демократија (НЕД).

Вчерашната дискусија може да ја проследете преку видео стримот на Радио МОФ.