[Видео] Млади, политики и дроги

Политиките за дроги, особено во казнено – правната сфера, може да имаат значително влијание врз животот на младите.

Оттука, видео подкастот на ХОПС отвори можност за прашања околу начинот на кој се спроведуваат законите поврзани со личната употреба на дроги.

Меѓу другото, што да направат младите ако некогаш се неправедно третирани од службени лица, а се разговараше и за за добри практики од други европски земји каде политиките за дроги се базирани на здравствена и социјална поддршка, наместо на прогон.

Во видео дискусијата беа вклучени Ивана Драгшиќ, социолог, радио водител и активист, и Наташа Бошкова, адвокат и застапник за човекови права.

Проектот „Социјално зајакнување на млади во ризик“ е поддржан од Европската Унија.