[Видео] Минијатурен оригами робот што оди, плива и се распаѓа

Научниците од Универзитетот MIT ја претставија својата последна иновација – роботот голем 1,7 квадратни сантиметри кој може да се витка како оригами.

„The Untethered Miniature Origami Robot“ се напојува од мал неодимиумски магнет и четири електромагнетни калеми сместени под површината на роботот кои создаваат магнетни полиња неопходни за негово движење. Малиот робот може да се движи по различни површини, да се качува, да носи предмети двапати подолеми од неговата тежина, да плива и сосема да се распладне ако се стави во ацетон, па од него да остане само магнетот.

Ваквите роботи, со помала димензија и додатни сензори се развиваат за медицински цели, појаснуваат научниците.