[Видео] Луѓе со мултиплекс склероза повторно ги доживуваат старите хобија со виртуелна реалност

За луѓето кои живеат со мултиплекс склероза, губењето на контрола може да остави огромна празнина во постигнувањето на нивните животни сонови.

Ова особено важи за сурферот од Сан Диего, Стив Бетис и професионалната танчарка и кореограф од Њујорк, Ејми Меиснер. И двајцата биле успешни и посветени на својата работа, но нивните кариери биле прекинати од непредвидливата болест, која го нарушува патот на информациите до мозокот и помеѓу мозокот и телото.

Но, новата кампања на Националната заедница за мултиплекс склероза на САД технологија за виртуелна реалност за да им помогне да го стимулират искуството од удирањето на морските брановите или танцувањето на сцена, со помош на видеа од 360 степени. Кампањата е дел од напорот на организацијата да се прошири општата свест и да се споделат „различни и силни решенија кои можат да ѝ се спротивстават на МС“.


Иако доживувањето на тоа искуство по втор пат, преку оваа направа, не е како реалното, сепак им носи насмевка на лицата на Бетис и Меиснер. Ова покажува дека иако не е реално, ефектот е ист.

Бетис, локален сурфер од Оушн Бич, Калифорнија, сурфал повеќе од 50 години кога му била дадена дијагнозата. Неговата рамнотежа и вештината да ги „јава“ брановите почнала да се губи неколку години подоцна.

„Јас на некој начин сум природно среќен човек и не најдов причина која би го сменила тоа“, вели во видеото. „Можам да се жалам за мојата болест до бескрај, но тоа нема да го промени фактот дека нема да помине“.

Денеска, тој ја одржува својата поврзаност со спортот преку неговото хоби, поправање на даски за сурфање.

Меиснер работела како професионална танчарка со години пред болеста да почне да ѝ ја попречува подвижноста во 1997 година.

Таа сé уште танцува користејќи инвалидска количка и работи како кореограф на многу танцови точки.

Извор: Mashable