[Видео] Луѓе и предели

Луѓето се интегрален дел од пределите. Пределите настануваат како резултат од меѓусебната интеракција помеѓу човекот и природата. Во ова видео се пренесува светогледот на шест луѓе што живеат во различни предели во Македонија. Тие одговараат на три навидум едноставни прашања: Што е природа? Што е планина? Што е љубов?

Ова видео е изработено во рамки на мрежата БиоНет од Центарот за животна средина (Босна и Херцеговина) со поддршка на Македонското еколошко друштво (МЕД), во рамки  проектот „Спроведување на договори за биодиверзитет“ (ОРФ БДУ) на ГИЗ којшто се спроведува во име на Германската Влада.

Автор на видеото е Фросина Пандурска-Драмиќанин, а режија и монтажа на Ѓорѓи Стамкоски.

Музика – Дејан Спасовиќ, Камера и дрон – Тони Стојановски и Љубомир Домазетов, снимки од Скопје – Владимир Димовски, графика и колор корекција – Мартин Михајлов.