[Видео] „Лице в лице“ со Карл Јунг – интервју на BBC од 1959 година

Карл Густав Јунг е основач на аналитичката психологија и истражувач на „колективното несвесно“. Тој е роден на 26 јули 1875 година во селото Кесвил, во кантонот Тургау на Швајцарија. Видеото подолу претставува 39-минутно интервју со Јунг, направено од страна на Џон Фримен, за емисијата на BBC насловена „Лице в лице“.

Интервјуто е направено во неговиот дом во Куснахт, на брегот на езерото во Цирих, а се емитувало во октомври 1959 година, кога Јунг имал 84 години. Тој опфаќа многу нешта во интервјуто, од неговото детство и образование, до неговата поврзаност со Сигмунд Фројд и неговите ставови за смртта, религијата и иднината на човечката раса.