[Видео] LCD Soundsystem објави божиќна песна

LCD Soundsystem се распаднаа во 2011 година, по што ретко кој помисли дека е возможно повторно да се вратат и да работат заедно. Денеска тие ја споделија на интернет својата нова песна за Божиќ насловена „Christmas Will Break Your Heart“. Како што беше објавено на твитер, James Murphy си ја пеел оваа „депресивна божиќна песна“ изминатите осум години, но конечно е снимена оваа година.

Слушнете ја песната во продолжение: