[Видео] Ламба чија светлина доаѓа од бактерија

Teresa van Dongen  е поранешна студентка по биологија за потоа да продолжи на дизајн. Ова објаснува зошто го започнала нејзиниот најнов проект, Ambio светилката. Нејзиниот производ не користи типични блескави светилки. Извор на светлина е бактеријата bioluminescent која ја има во пипалата на октопусот. Кога се изложува на кислород, микроорганизмите емитуваат сина боја.

Овој проект на холандската дизајнерка претставува дипломски труд на академијата за дизајн Ајндховен. Таа започнала со идејата како може да се искористат други извори на енергија за произведување на светлина.

Бактеријата во светилката може да опстане само пет дена. Таа соработува со биолози со цел да се прошири животниот век на бактеријата и светлината. Таа вели дека за да може да се прочита една книга потребно е синтетички да се зголеми количината на бактеријата за да се произведе поголема светлина.

Извор: Wired