[Видео] Крвав плоштад за Мартин Нешковски

Со црвена боја врз белите мермерни плочи на плоштадот Македонија, демонстрантите од Шарената револуција го обележаа местото кадешто пред пет години беше убиен Мартин Нешковски, за време на прославата на изборната победа на ВМРО ДПМНЕ.

Обидот за криење на случката од страна на институциите за убиството кое го изврши полициски службеник, подоцна стана поводи и за бројните протести кои под мотото„Нема правда , нема мир“ и „Стоп за полициската бруталност“ се уште го тресат Скопје.

„Убијци, убијци“ скандираа демонстрантите. 

Протестот и денеска почна пред СЈО, продолжи пробивање на кордонот кон Влада каде беше прочитан ултиматумот од демонстрантите до власта.