[Видео] Крушево пред коронавирусот – млади направија видеа за проблемите со чистотата, бездомните кучиња и театарот

На средината на декември, млади крушевчани направија анкети со локалните жители за секојдневните проблеми со кои се соочуваат тие, како проблемот со чистота во градот и бездомните кучиња, но и немањето театар во нивниот град. Преку нив, тие се обидоа да ја подигнат јавната свест за одредени проблеми во локалните заедници, пред појавата на новиот коронавирус.

Видеата беа изработени во рамки на видео работилницата на Младински образовен форум и Радио МОФ. Работилницата опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози.

За време на тридневната работилница, младите дискутираа за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија техники за снимање и монтирање.

Работилниците се дел од проектот „Fostering Youth through Online Media“ поддржан од National Endowment for Democracy.