[ВИДЕО] Критична маса#11

И на единаесеттото заедничко возење велосипеди „Критична маса“, организирано од групата „наТочак“ се собраа педесетина велосипедисти со цел да ги промовираат добрите страни на урбаното возење велосипеди, но и да укажат на проблемите кои тие ги имаат во македонската метропола.

[ВИДЕО] Критична маса#11

Проблем број еден се паркираните возила на патеките, покажа анкетата спроведена од оваа група кон крајот на минатата година. Исто така, укажуваат тие, пешаците и велосипедистите не се перципирани како (рамноправни) учесници во сообраќајот, туку како некој кој „го собира, ќе помине“.

Еве и низ видеото од учесниците, како помина возењето низ Скопје на единаесетата „Критична маса“: