[Видео] Креативна кампања: Разликите меѓу вистинските и лажните светски проблеми

Тежината на секојдневните проблеми со кои се среќаваме е многу релативна работа. Додека луѓе во многу делови од светот немаат вода за пиење и тоа им претставува најголем проблем во животот, за луѓето од Западот најголема потешкотија понекогаш е предолгиот ред во Starbucks.

[Видео] Креативна кампања: Разликите меѓу вистинските и лажните „светски проблеми“

Организацијата Water Is Life повеќе од една година ја спроведува оваа кампања, во која луѓе од неразвиените делови на светот читаат твитови објавени со хаштагот „FirstWorldProblems“. Преку потенцирањето на разликите во перцепцијата за проблемите, се развива свеста за вистинските потешкотии со кои се соочуваат луѓето на повеќе од половина од планетата.