[Видео] Краток документарец за Arctic Monkeys од турнејата во Јужна Америка

Британскиот мега-бенд Arctic Monkeys, за крај на годината сподели кратко видео со материјали од турнејата на групата по Јужна Америка. Снимено во изминатите неколку месеци, видеото содржи изведба на песната „R U Mine?“ од нивниот албум од 2013 – „AM“, а се смета дека тоа означува крај на една фаза од кариерата на бендот, можеби најуспешната досега.