[Видео] Краток документарец од 1983 за почетоците на електронската музика

Во својот документарец „Discovering Electronic Music“, режисерот и сценарист Bernard Wilets ги истражува основите на раните аналогни синтисајзери и првите дигитални техники на миксање. Краткиот документарен филм покажува како во минатото се гледало на иднината на технологијата. Во него може да се слушне музика od Jean-Claude Risset, Douglas Leedy, F.R. Moore, Stephan Soomil, Rory Kaplan, Geral Strang и многу заборавени генијалци од почетоците на електронската музика.