[Видео] Краткиот документарец на сириска тинејџерка кој се прикажуваше на Санденс и во Кан

Калдија Џибави сонува да биде режисерка на документарни филмови, и таа имаше одличен почеток. Осумнаесетгодишната Сиријка го направи својот прв филм во кампот за бегалци во Јордан, кој потоа се прикажуваше на Санденс, Канскиот филмски фестивал и SXSW.

Овој викенд, нејзиниот документарен филм се прикажува на филмскиот фестивал во Лос Анџелес. Филмот е насловен „Поинаква девојка“ – фраза која таа ја користи за да се опишува себеси, а по снимањето и дава ново чувство на храброст.

Џибави наскоро ќе го прослави својот 19-ти роденден во бегалскиот камп Заатари во Јордан. Таа и нејзиното семејство ја напуштиле Сирија во 2012 година и живеат во кампот оттогаш. Таа е една од 80 000 бегалци кои живеат таму.

Документарецот на Џибави го отсликува нејзиниот секојдневен живот и е снимен со рачна видеокамера. Таа им помага на нејзините браќа и сестри со домашните, слуша музика на својот кревет и се шета околу кампот со нејзините пријатели. Но, постојат и моменти на меланхолија и фрустрација.

„Поинаква девојка“ е долг девет минути и е создаден со помош на работилница финансирана од непрофитната организација „WomenOne“, во соработка со „ Save the Children International“. Целта на мултимедијалната работилница беше да им понуди на тинејџерите во кампот да ги раскажат своите приказни.