[Видео] Костум со кој се чувствува староста

Ако некогаш сте се прашале како е да се биде стар и не сакате да чекате за да го дознаете одговорот за тоа како изгледа да се биде во поодминати години, сега можете да го „забрзате“ времето со помош на костум кој ќе ви овозможи да се чувствувате старо.

[Видео] Костум со кој се чувствува староста

Лондонскиот Универзитет Саут Бенк направи костум кое дизајнирано да симулира физички ограничувања кои се јавуваат во повозрасната доба.

Костумот го дизајнирал Волфгааг Мол има тегови околу телото кои ја намалуваат силата и спретноста на лицето кое го носи. Слушалките кои се дел од костумот, го намалуваат квалитетот на слухот, а специјалните очила симулираат разни оштетувања на окото.

Универзитетот го изнајми костумот на новинар од весникот „Гардијан“, здрав и млад човек кој го носел по улиците на Лондон, за да почувствува како е да се биде стар.

На видеото подолу се гледа како на момчето прошетката набргу му стана исцрпувачка.