[Видео] Коњ галопираше на „Партизанска“

Здружението за заштита на животни Анима Мунди објави видео на кое се гледа како коњ трча низ Скопје.

Според нивните информации, коњот е виден синоќа во населбата Хром, а очевидци велат дека го виделе како се движи по „Партизански одреди“.

Од „Анима Мунди“ велат дека случајот го пријавиле во полиција, стравувајќи за безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и за животот на исплашеното животно.

Коњите често може да се забележат како се користени за работа. Во повеќе наврати се случувало да колабираат на улица од прегладнетост или од жед.