[Видео] Конференција за Предлогот за итни демократски реформи

Група граѓански организации и експерти организираа конференција на која беше презентиран „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјата потребни за фер, слободни и кредибилни избори.

Целата конференција проследете ја во продолжение:

Организатори на настанот се организации и членови на Инцијативата за предлог за итни демократски реформи: Граѓанска асоцијација МОСТ, Институт за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС), Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за комуникациски студии (ИКС), Македонски центар за европско образование (МЦЕО), Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ), Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (MХK), Центар за економски анализи (ЦЕА), ЦИВИЛ – Центар за слобода, Бранимир Јовановиќ и Драган Гоцевски.