[Видео] Конференција: Детето во фокусот – потреба за воведување заедничко родителство по развод

Психолози, семејни терапевти, универзитетски професори и адвокати денеска дебатираа на националната конференција на тема „Потребата од воведување заедничко родителство по разводот во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето“.

Конференцијата е во организација на Народниот правобранител, Граѓанската иницијатива за воведување заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а поддржана од Националниот демократски институт (НДИ).