[Видео] Колку лаги не можат да ја сокријат вистината за арсенот во гевгелиската вода?

Граѓанска иницијатива „АРСЕНА“ и Здружение на граѓани „ПАТОКАЗИ“, Гевгелија во рамките на проектниот ангажман за обезбедување здрава и чиста вода за Гевгелија и населените места синоќа пред жителите на село Богородица организираа јавна прeзентација на документарниот филм „Колку лаги не можат да ја сокријат вистината за арсенот во гевгелиската вода“.

Во филмот се користени документирани материјали, изјави на јавни функционери, снимки од теренските акции на „АРСЕНА“, резултати од анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод извршени во меѓународна лиценцирана лабораторја во Солун, Република Грција.

 

Од настанот граѓаните упатија јавна порака за итно решавање на проблемот со снабдувањето чиста вода за пиење за Гевгелија и населените места, зошто повредно е да се инвестира за здравјето на граѓаните, отколку за лечењето на последиците од употребата на вода со арсен.

Овој документарен филм е дел од проектот „Граѓаните и АРСЕНА до чиста и здрава вода за пиење во Гевгелија и населените места“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU)