[Видео] Колекција на 2500 пигменти во техничкиот факултет на Харвард

Тимот зад Јутјуб каналот Great Big Story направи кратка репортажа за големата колекција на пигменти сместена во Штраус центарот за зачувување и технички студии.

Директорот на Штраус, Нарајан Кандекар ја „шета“ публиката низ колекцијата на уникатни бои, за да може да види некои од најретките пигменти. Овде можат да се најдат специфични, природно создадени бои, како на пример силно жолта, произведена од урината на крави кои јадат само лисја од манго.